Wednesday, February 29, 2012

За Фејсбук и фаците во него

Подолго време имам фејсбук и наидов на луѓе кои ме иритираат. Реков дека не сакам да хејтам, ама изгледа хејтањето ме сака мене. Еве ги фејсбук фаците кои ги имам сретнато:


Фудбалски и останати спортски фанови -Статуси како "Напред Барсааааа." или "Гооооооооооооол." и "Ајде Реал." Што е поентата? Сакаш да не известиш дека гледаш и уживаш во фудбалот. Океј. Тоа не значи дека треба секои 2 минути да не информираш за се што се случува. Ако некој го интересира ќе го пушти телевизорот и ќе си види.


Суицидно настроени тинејџери - Постираат статуси од типот "Ќе си умрам." или " Никој не ме сака." Имаш 2000 пријатели и го пишуваш тоа на твојот ѕид? Ако толку си осамена обрати им се на родителите. Никој не сака да ги чита твоите патетики.


Патка-фаци - Типките имаат 1000 фотографии на профилот од кои на 800 од нив се сликани со "напрчени" усни. Човек да си помисли дека стварно имаш некоја вродена маана. Или можеби постои друга причина?



Споделувачи на слики - Уау! Ако ја споделам оваа слика со болно детенце, фејсбук ќе донира пари и ќе го излечат. А пак ако ја споделам оваа ќе добијам лаптоп. Сериозен си?


Менаџери - Ти праќаат покани за секој можен евент иако си потенцирал дека таква музика не слушаш и дека попрво би се согласил да те кастрираат отколку да појдеш таму.


Лајкери - Ако има опција лајк, бидете сигурни дека тие го лајкнале тоа. Еј види, авионска несреќа со 300 мртви? Лајк. 500 повредени во земјотрес? Лајк. Понекогаш сами си маваат лајк на статусот.


Тагнувачи - Брат лошо сум испаднат, те молам не ме тагнувај. -Добро брат нема проблем.... Другиот ден тагнат си и на сликите од забавата пред 3 месеци.

Зависници од квизови - Дознај кој цртан лик те опишува најдобрно. Дознај кога ќе се омажиш. Дознај како ќе умреш. Дознај, дознај, дознај, дознај.....аааааааааааа БЛОК!

Перверзни - Кликаат на порно линкови на фејсбук иако е очигледно дека е вирус. "Шокантно" види ја девојката како има секс. Да, навистина е шокантно. Постоеле луѓе кои излегуваат и имаат редовни сексуални односи.


Националисти - Дното на Фејсбук. Припадници на различни националности кои се навредуваат меѓусебно преку коментари, а потоа и организираат тепачки низ градот.

Има и многу други, но повеќето од нив се спомнати на различни сајтови, а јас мразам да повторувам.
За крај, им посакувам животот да им биде барем половина убав од тој што се преправаат дека го имаат на Фејсбук.




Јас не знам ништо, јас сум студент





No comments:

Post a Comment