Thursday, May 8, 2014

Мастурбацијата е грев.


Една вечер си го отворив омилениот сајт и додека се спремав да си посветам малце внимание на себеси слушнав некоја врева.

БУУУУУУ! Те гледам! Мораш да престанеш!
-Кој си бе па ти?
Јааас сум Светиот дууух!
-Кај ме најде па мене сеа баш у ова време од ноќта! Не глеаш дека сум зафатен. Си слушнал ли за приватност чоече?!
Не сум чоек дух сум!!
-Сеедно одеби! Глеаш иам работа!
Ќе си одам ама прво морам да ти кажам дека тоа што го правиш не чини. Запри чедо.
-Абе бегај таму. Мастурбацијата е природна и здрава. Дури и има статии за тоа. Провери си ги фактите бе. Си слушнал за интернет? Само немој на Плус Инфо да идеш. И уствари шо бараш мене да ме замараш за тоа. Иди рашетај по светот има еден куп гревови.
Абе не тоа.
-Епа?
Ова со курвиве шо ги давиш и ги фрлаш у Вардар. За тоа сум дојден. Тоа шо го праиш е грев. Запри со време.
-Ах. Тоа.


Monday, March 4, 2013

Водич за брзо и лесно миење на рацете.


1. Време е да се јаде. Држи ги рацете под вода околу 30 секунди. Користи сапун.

2.За да бидеме сигурни, измијте ги уште еднаш. Поминете и под ноктите. Исушете ги рацете со крпа.

3.Хм, крпата изгледа малку валкано. Измијте ги рацете уште еднаш и оставете да се исушат.

4.Што ако и воздухот е контаминиран? Измијте ги рацете.

5. После тоа стоење чувствувате дека и нозете се валкани. Избањајте се на брзина на 48 степени целзиусови.

6.Кадата изгледа валкано. Изрибајте ја кадата и поминете ја со белило.

7.Влакната на телото се валкани. Отстранете ги сите влакна. Исто и тие контаминирани веѓи.

8.Заклучете ја вратата од бањата за да не влезе контаминираниот воздух.

9.Истријте се добро со жица за миење садови за кожата да не собере уште бактерии. СТОП! Трепките. Ги отстранивте веѓите, но дали ги отстранивте трепките? Елиминирајте ги. Веднаш.

10.Исплакнете и повторете.


Sunday, December 2, 2012

Најлошите омоти на албуми на сите времиња

Се трудев да ги разберам. Навистина се трудев, ама не успеав. Верувам дека ни тие што ги направиле не можат да ги објаснат.





































Saturday, November 24, 2012

Како да одлучите кои пријатели да ги избришeте од вашиот фејсбук профил


Чекор 1: Отворете го вашиот фејсбук профил.

Чекор 2: Стиснете тука

Ако нема никој на листата, честитки вие сте среќен човек.

Thursday, November 22, 2012

Глупави луѓе

Глупавите луѓе треба да си носат знак на кој пишува "Јас сум глупав". Така нема да се потпираш на нив, нема да ги прашуваш ништо. Ќе биде "Извинете, може ли... ах не е важно не ви го видов знакот".

На пример кога се преселувавме. Куќата беше полна со кутии, а надвор беше камионот со мебел. Дојде соседот и праша "Се селите?". "-Не само ги пакуваме нашите работи еднаш или двапати неделно за да видиме колку кутии ни требаат за да ги собере. Повели знакот."

Пред некој ден имаше еден тип на Дискавери што измислил заштитна облека од ајкули и требаше да влезе во аквариум полн со ајкули за да го тестира. Другиот тип му вели "Добро Џим влези и кажи ни дали боли многу кога ќе те каснат. "Во ред влегувам, ама придржи ми го знакот, не сакам да го изгубам."

Кога ја продававме колата, еден тип ја зеде на тест возење и ја возеше пола саат. Потоа излезе го фати ауспухот и се изгоре. Да носеше знак ќе го спречев.

Кога ни се дупна гумата и застанавме да ја смениме, еден тип не праша "Ви се дупна гумата?". -"Не, возевме наоколу и другите 3 гуми отекоа. Повели, знакот"

Кога пријателот на татко ми ја празнеше мрежата со риби, дојде еден човек и го праша "Сите риби ги улови?" "-Не, ги убедивме да влезат во мрежата и да дојдат со нас. Повели знакот"

Еден ден останав после часот во амфитеатарот на факултетот и дојде колешката и ми рече "Уште си тука?" "-Не, си заминав пред 10 минути. Повели знакот."

Нели би било многу поедноставно така?

Wednesday, November 21, 2012

[Краток филм] Секс и цигари

Направен од луѓе кои што ги почитувам.


Friday, November 9, 2012

Македонштина.

Win

Скини си ливче. Ако можеш.

Дури 5 рати за вработените во вашата КЛИИКА.

Пупуст.

Студентски маки.

Јебига се дешава.