Wednesday, February 29, 2012

Колку е дебела #Каљопи?

#Каљопи е толку дебела што соодносот на сало со мускулна маса може да се објасни само со ирационални броеви.
#Каљопи е толку дебела што нема разлика ако стои или лежи.
#Каљопи е толку дебела, влегла во кино и седнала до сите.
#Каљопи е толку дебела кога паднала од кревет, паднала на двете страни.
#Каљопи е толку дебела, кога облекла  жолто палто и излегла надво луѓето почнале да и викаат ТАКСИ!
#Каљопи е толку дебела што секој пат кога ќе се сврти и доаѓа роденденот.
#Каљопи е толку дебела кога ќе помине пред телевизор испуштам 3 епизоди од CSI.
#Каљопи е толку дебела, крвната група и е мајонез.
#Каљопи е толку дебела, користи ремен марка Екватор.
#Каљопи е толку дебела, еднаш пловела по Пацификот, дошол Колумбо и ја прогласил за нов свет.
#Каљопи е толку дебела што свирка бас.
#Каљопи е толку дебела, НАСА планира да ја затне озонската дупка со неа.
#Каљопи е толку дебела, има помали дебели жени што орбитираат околу неа.
#Каљопи е толку дебела што може да го прошета светот во 3 чекори.
На лифтовите пишува 6 лица или #Каљопи
#Каљопи е толку дебела, еднаш сонувала дека јаде печурки и сабајлето кога се разбудила и ја немало перницата.
#Каљопи е толку дебела што во лето продава сенка на плажа.
#Каљопи е толку дебела, кога ја ми кажа колку тежи мислев ми го дава мобилниот број. #Каљопи е толку дебела што пропрциите и се 90 60 90 и тоа само на едната рака.
#Каљопи е толку дебела што моменталлно сме внатре во неа.

Мала шега на нејзина сметка. Се надевам дека ако некогаш го прочита ова нема да ми замери. :D

Јас не знам ништо, јас сум студент.

За Фејсбук и фаците во него

Подолго време имам фејсбук и наидов на луѓе кои ме иритираат. Реков дека не сакам да хејтам, ама изгледа хејтањето ме сака мене. Еве ги фејсбук фаците кои ги имам сретнато:


Фудбалски и останати спортски фанови -Статуси како "Напред Барсааааа." или "Гооооооооооооол." и "Ајде Реал." Што е поентата? Сакаш да не известиш дека гледаш и уживаш во фудбалот. Океј. Тоа не значи дека треба секои 2 минути да не информираш за се што се случува. Ако некој го интересира ќе го пушти телевизорот и ќе си види.


Суицидно настроени тинејџери - Постираат статуси од типот "Ќе си умрам." или " Никој не ме сака." Имаш 2000 пријатели и го пишуваш тоа на твојот ѕид? Ако толку си осамена обрати им се на родителите. Никој не сака да ги чита твоите патетики.


Патка-фаци - Типките имаат 1000 фотографии на профилот од кои на 800 од нив се сликани со "напрчени" усни. Човек да си помисли дека стварно имаш некоја вродена маана. Или можеби постои друга причина?



Споделувачи на слики - Уау! Ако ја споделам оваа слика со болно детенце, фејсбук ќе донира пари и ќе го излечат. А пак ако ја споделам оваа ќе добијам лаптоп. Сериозен си?


Менаџери - Ти праќаат покани за секој можен евент иако си потенцирал дека таква музика не слушаш и дека попрво би се согласил да те кастрираат отколку да појдеш таму.


Лајкери - Ако има опција лајк, бидете сигурни дека тие го лајкнале тоа. Еј види, авионска несреќа со 300 мртви? Лајк. 500 повредени во земјотрес? Лајк. Понекогаш сами си маваат лајк на статусот.


Тагнувачи - Брат лошо сум испаднат, те молам не ме тагнувај. -Добро брат нема проблем.... Другиот ден тагнат си и на сликите од забавата пред 3 месеци.

Зависници од квизови - Дознај кој цртан лик те опишува најдобрно. Дознај кога ќе се омажиш. Дознај како ќе умреш. Дознај, дознај, дознај, дознај.....аааааааааааа БЛОК!

Перверзни - Кликаат на порно линкови на фејсбук иако е очигледно дека е вирус. "Шокантно" види ја девојката како има секс. Да, навистина е шокантно. Постоеле луѓе кои излегуваат и имаат редовни сексуални односи.


Националисти - Дното на Фејсбук. Припадници на различни националности кои се навредуваат меѓусебно преку коментари, а потоа и организираат тепачки низ градот.

Има и многу други, но повеќето од нив се спомнати на различни сајтови, а јас мразам да повторувам.
За крај, им посакувам животот да им биде барем половина убав од тој што се преправаат дека го имаат на Фејсбук.




Јас не знам ништо, јас сум студент





Вовед?

Гледам сите имаат блогови, па си викам дај и јас да пробам. Само од каде да почнам? Можеби кој сум, зошто вака го крстив блогов или што би пишувал во него? Или што очекувам од него? Епа да почнеме од почеток. Се викам Гоце. Не Делчев. Не Аранудов. Само Гоце. Гоце од Аеродром. Роден во деведесетите кога се живеело добро и после се тргнало кон полошо. Но нема да се навраќаме на тоа и така има доволно луѓе кои се уште дискутираат за тие настани. Сега студирам. На Медицински. Да се учи нешто. Но и тоа ќе го оставиме за подоцна. Да се вратиме на блогов. Зошто се вика вака? Оние поупатените во психологијата знаат дека секој испитаник различно ги толкува Роршаховите тестови. Така и во секојдневието. Секој си има свое мислење за настаните што се случуваат, вклучувајќи ме и мене. Овде би можел да искажам дел од нив. Нема да хејтам, само ќе давам критики, и добри и лоши. Не очекувам да го променам светот, туку да ги истакнам неговите светли и темни страни. Досадно нели? Искрено кажано појма немам за што да пишувам и очекував да ми текне додека 2 саати го мислев ова "текстче", ама џабе, не иде. Можеби со тек на време ќе станам подобар во ова. И можеби нема да правам толку печатни грешки. Можеби. Можеби сите политичари не лажат. Којзнае. За сега толку. Ќе се читнеме кога ќе добијам инспирација за нешто убаво.

Поздрав.

Јас не знам ништо, јас сум студент.