Saturday, November 24, 2012
Како да одлучите кои пријатели да ги избришeте од вашиот фејсбук профил
Чекор 1: Отворете го вашиот фејсбук профил.
Чекор 2: Стиснете тука
Ако нема никој на листата, честитки вие сте среќен човек.
Thursday, November 22, 2012
Глупави луѓе
Глупавите луѓе треба да си носат знак на кој пишува "Јас сум глупав". Така нема да се потпираш на нив, нема да ги прашуваш ништо. Ќе биде "Извинете, може ли... ах не е важно не ви го видов знакот".
На пример кога се преселувавме. Куќата беше полна со кутии, а надвор беше камионот со мебел. Дојде соседот и праша "Се селите?". "-Не само ги пакуваме нашите работи еднаш или двапати неделно за да видиме колку кутии ни требаат за да ги собере. Повели знакот."
Пред некој ден имаше еден тип на Дискавери што измислил заштитна облека од ајкули и требаше да влезе во аквариум полн со ајкули за да го тестира. Другиот тип му вели "Добро Џим влези и кажи ни дали боли многу кога ќе те каснат. "Во ред влегувам, ама придржи ми го знакот, не сакам да го изгубам."
Кога ја продававме колата, еден тип ја зеде на тест возење и ја возеше пола саат. Потоа излезе го фати ауспухот и се изгоре. Да носеше знак ќе го спречев.
Кога ни се дупна гумата и застанавме да ја смениме, еден тип не праша "Ви се дупна гумата?". -"Не, возевме наоколу и другите 3 гуми отекоа. Повели, знакот"
Кога пријателот на татко ми ја празнеше мрежата со риби, дојде еден човек и го праша "Сите риби ги улови?" "-Не, ги убедивме да влезат во мрежата и да дојдат со нас. Повели знакот"
Еден ден останав после часот во амфитеатарот на факултетот и дојде колешката и ми рече "Уште си тука?" "-Не, си заминав пред 10 минути. Повели знакот."
Нели би било многу поедноставно така?

Wednesday, November 21, 2012
Friday, November 9, 2012
Македонштина.
Subscribe to:
Comments (Atom)