Monday, October 29, 2012

Како да препознаете дека вашето дете мастурбира?


Tажeн e фактот дека мастурбацијата е масовна меѓу денешната младина. Прво што треба да направите е да ги препознаете знаците на овој проблем:

 Дали вашето дете има акни? - Мастурбацијата води до големо излачување на хормони кои предизвикуваат појава на акни.

Дали вашите деца се депресивни? Ако децата се повлечени и несреќни, најверојатна причина е хроничната мастурбација.

Дали вашите деца ја заклучуваат вратата од купатилото? Не е здраво ако ако сакаат приватност. Големи се шансите тие внатре да мастурбираат.

 Дали вашите деца слушаат рок или техно музика? Ако се бунтовници против Господ до толку што слушаат Ѓаволска музика тогаш сигурно се доволно бунтовни за да пробаат мастурбација.

Дали има дамки од сперма на креветот на вашиот син или на неговата долна облека? Постои само еден начин за таа да се најде таму! Наредете ги сите ваши синови најмалку два пати дневно за фамилијарен молитвен состанок и проверка на гаќите.

Дали вашето дете има либерални политички ставови? Слабоста на умот придонесена од мастурбацијата често води до левичарски симпатии.

Дали вашето дете изгледа криво или го негира мастурбирањето? Многу малку тинејџери отворено ќе признаат дека мастурбираат.

 Дали сте го фатиле вашето дете како мастурбира? Ако влезете во собата на син ви без чукање и тој е со соблечени панталони и го држи својот еректиран пенис, тогаш најверојатно мастурбира.

Saturday, October 27, 2012

[Тролање на годината] Како 4chan ги натера Белиберите да си ги избричат главите

Во вторникот (22.10.2012) 4chan пушти фотошопиран твит од акаунтот на Entertainment Tonight во кој се вели дека Џастин Бибер има рак и дека неговите фанови ги бричат главите во негова чест заедно со 2 слики од тинејџерки со избричени глави и хаштаг #BaldForBieber. Некои од порталите ги превземаа лажните вести и наскоро трендот се прошири и почнаа да се појавуваат слики од неговите фанови со избричени глави на страната која исто така беше отворена од троловите на 4chan - baldforbieber.com.
Еве ги резултатите.







Wednesday, October 17, 2012

[Гостин @Bedoxin] За спортската (не)култура, и нешто повеќе...



Кога игра Македонија, во кој било спорт, за мене, а претпоставувам и за другите љубители на спортот е празник. Особено кога игра фудбал. Со нов тренер, со ентузијазам и верба дека можеме повеќе, и дека не секогаш ќе бидеме топовско месо за останатите, тргнавме во новиот квалификационен циклус за светското првенство во Бразил 2014 . Стартувавме со добра игра во Загреб, загубивме несреќно, во Шкотска бевме далеку подобри од противникот, се вративме во Скопје со еден бод, загубивме и на Филип Втори(Градски де) од Хрватска, и како да ни се рушија фантазиите, како да се разбудивме од сонот. Но, си реков, и во добро и во зло, секогаш ќе ја поддржувам репрезентацијата.  Вторник, неколку дена после поразот од Хрватска, тргнав накај стадион...

Стигнав, ја поминав таа стандардна процедура, и влегов. Полека се полнеше  Градски, се полнеше и источна трибина, каде што беа гостинските навивачи. Мислам, да не дојде до недоразбирање, а ќе дојде сигурно. Зборувам и за двата натпревари кои ги изигравме на домашен терен, и оној со Хрватска, и овој со Србија, но ќе бидам поконкретен тој со Србија, затоа што сеуште ми е ‘’тазе’’. Навивачи ко навивачи. Гласни. Освен нашите, секако. Тие се дојдени да ги излечат фрустрациите, а некои се избркани од жените од дома, на 3-4 саати. Мислам, не сите, нормално. Не генерализирам, исклучоци.
Српските навивачи почнаа со навивање и скандирање, и наместо ние да ги надвикаме со сопствена песна и сопствено навивање, ние викавме ‘’Уаааааа’’ , секако.  После извесно време, почнавме и со ‘’Четнички пи*ки’’ за да пред кулминацијата викаме: ‘’Цигани’’ и ‘’Јас те е*ам Србијо’’. Но немаше да ми биде толку срам, ако до мене не седеше еден Ром, со малото детенце кое го донел да гледа фудбал, а не да слуша како го вреѓаат него и останатите Роми на стадионот, без никаква врска. Индиректно, сепак не беше тоа упатено баш за него,  туку за момците на Исток. Не ме служи меморијата баш-баш, и не знам во кој временски интервал се случи тоа, но од страна на српските навивачи беше извадено грчко знаме. И толку ни треба. Ниска провокација, идиотска, и непотребна. Знаат дека сме сензитивни по таа тема, но што е, тука е.  (и да се случило тоа пред следниов настан, не требаше да подлегнеме на идиотизмот од нивна страна и да се спуштиме на нивно ниво.)
Кулминацијата беше, кога се интонираше српската химна, и кога цел стадион ја исвиркуваше. Значи, најосновна работа на која не учат во прво одделение, е да се испочитува секој, без разлика на припадност,  вера, нација итн.  Сите, сложно, заедно, свиркавме ко да нема утре. Добро. Заврши и тоа. Ајде сега нашата химна. Се исправивме сите, гордо, како што доликува. Додека нашата химна се интонираше, навивачите од источна трибина аплаудираа, исправени и станати од нивните столчиња, не испочитуваа. Но никој не го примети тоа нормално, а јас сирот од срам пропаднав во земја. Низ целиот натпревар не беше ниту една навреда упатена кон нас од никого, додека ние како кочијаши корневме на Јужна и Северна, без престан.

Зарем не требаше спортот да не обединува сите? Зарем не требаше да се разграничи политиката од спортот? Зарем не требаше фудбалот да биде на пиедесталот на ‘’споредните најглавни работи’’ ?

Е сега, ова немаше да биде толку трагично, ајде, невкусно е, но првпат, се случува... Но ние како брзо да го заборавивме Ниш, како да го заборавивме Белгрд, и како да го заборавивме Вараждин. На сите три места, од Србите и Хрватите бевме пречекани да не речам како богови. Со нас навиваа, нас не поддржуваа, пиевме пиво, се сликавме, разменувавме дресови итн. До пред два месеци браќа и со едни и други, сега таков однос и со едни и со други. Мислам, дволичност. Море би рекол троличност. И не само за тоа, и за други работи, кои мислам дека нема да ме разберат ако го напишам  и дека ќе бидам етикетиран по брза постапка. Впрочем ние сме мајстори за етикети. Онака, пљук-шљак, и на чело. Па после чуди се.
Прашањето најбитно можеби ми е, зошто толкава омраза на фудбалски настани, која излегува во моментот, а претходно не е присутна или пак вешто се крие? Не сакам фудбалот да го прљаат такви работи, едноставно не сакам.

Извор:kajgana.com


Да се навратам на химната.  Кој нас ни свирел на химна во изминативе години, навистина не знам. И не памтам. Па не би свирел на ничија химна. Ниту на Грчка, ниту на Албанска, ниту на химната од Кипар или Тринидад и Тобаго. Се си мислам дека и да играме со последниве, ќе им ја свириме химната. И ќе скандираме навредливо.  Другата работа е што си имаме замислени непријатели, сами си ги создававме. Знам дека ќе ми се јават некои сега со историски факти или нефакти, што се случиле не знам кога, политички пред се, но... ај да бевме боцнати со Србија и Хрватска на политички (настрана ова со знамево, за кое пак ќе речам, не треба да се сфати здраво за готово) план, или на спортски, или на некој друг, да речеш, таква е ситуацијата, народ е, му врие крв. Ама јас не сум приметил такво нешто. Знам исто така дека ќе се јават вана би патриоти и сакачи на Македонија, и ќе речат дека сум србоман или не знам некои од тие нивни изрази(*србоман да ти бил човек што живеел овде, а што ја сакал Србија. Исто да напоменам дека јас на изминатото Европско првенство во фудбал навивав за Германија, и сум Германоман). Ќе се јават и оние кои во живот не биле на стадион или не допреле топка, кои врска немаат од спорт и она што се нарекува спортска основна култура. Оние кои ја гледаат само едната страна.
Не го разбрав и исвиркувањето на Шумуликовски, мислам човекот игра за Македонија, каков-таков. И јас не го сакам. Мислам дека му заврши времето и дека не е материјал за прв тим, но не се свири на репрезентативец. Зошто еден ден не го сакаме, еден ден го сакаме. Еден ден го свиркаме, друг ден велиме дека е најдобар. Што доаѓа пак до израз дволичноста. Пардон. Троличноста.
Сигурно заборавив и некои други муабети, но во глобала опфатив тоа што сакав. Луѓе, сакајте ја својата земја, поддржете ја на стадион, во сала, на базен, во секој спорт, на секое место. Навивајте, пејте, скандирајте, бодрете ја, наша е. Каква и да е, наша е.  Не дозволувајте омразата да преовладува, да преовладува простаклукот и некултурата. Не дозволувајте да потпаднете на евтини провокации(поевтини дури и од тоалетната во Карфур, да).   Ако ви доаѓаат такви нагони, тогаш издерете во перница, лупајте со главата во ѕид, крешете чаши. Но немојте да го валкате спортот и да му оставате длабока дамка. Која тешко излегува(добро  сеа, ќе се јават овие од Ариел или Бонукс и ќе ми мрчат дека излегуваат сите дамки со нивниот продукт, ама тоа е.)

Ваквите настани ме тераат да се подзамислам, да се запрашам дали сакам да одам на стадион, или пак од дома да си ја пратам мојата репрезентација.
Како и да е, ќе завршам со можеби клише парола, но така се чувствувам во моментот: Да живее Македонија! И нашата репрезентација! И дај Боже да редиме нови и нови успеси. Литванија и Србија да ни бидат зад грб, да го доживееме Бразил, да доживееме медаљи, па зошто да не некогаш и пехари.

Дотогаш, чукнете ја главата, и немојте да бидете нешто што ни самите не сакате.


Доколку ви се допадна статијата, авторот може да го следите овде

Saturday, October 13, 2012

Семе скапано.