Wednesday, September 26, 2012

Запознајте ја розевата банда. Хероините на денешницата.

Гулаби бандата (инд. Гулаби - розово) е група на жени одметнички и активистки кои потекнуваат од Ута Прадеш, Индија, но од 2010 се активни низ северот на Индија. Името го добила поради розевите сари кои ги носат припадничките на групата.

Групата е основана е во 2006 година  од Самат Пал Деви, мајка на 5 деца, здравствен работник и една од жртвите на детските бракови, како одговор на насилството врз жените. Гулаби групата ги посетува насилните сопрузи и ги претепува со "латис" (стапови од бамбус) се додека не престанат да ги злоупотребуваат жените. Во 2006, нападнале една од канцелариите задолжени за контрола на електрична енергија во областа Банда и ги принудиле повторно да ја вклучат струјата која претходно била исклучена со цел да се изнудат пари од тамошните жители.
Исто така успеале да ги сопрат детските бракови, да го укинат миразот и да ја намалат женската неписменост. Има околу 20 000 членови.