Thursday, May 31, 2012

[Гостин @Lacialec] Цеца за мали деца


Не дека ја обожавам не па дека ја сакам боЉе Гавазова 2 дена да ја слушам него кај Цеца на концерт да отидам . Па вака сеа, откако ме откачи таа со .......Џ.... шо како како кец на десетка ми се јавија 3 другарки им дал некој колега 4 гратиси за на Цеца, шо да праиш 3 жени + Цеца  = идам бре око нема да ми трепне .


Влеговме бе шо ќе видиш стандард македонче се бутка – турка да не му кидне возот за НАТО и шо ќе видиш милиони, милиони деца да ми извините, ама ко некој од сиропиталиште да ги пуштил, се вртеше некој постар така ама деца бе брат деца. Е сеа сите деца беа доле, ама ја бев гоРе, а горе шо да видам, шо да ви кажам, ги знаете оние од #Шител? Ги знаете оние у Парламент шо седат? Го знаете оној “магистерот”? Ама се ми личише дека славеше за магистерската . Гледав така слушав интересно мајке ми, жени бе брат пицнати бе, мужи дотерани ко за на свадба бе, викам ја на свадба бев у неделата ама не видов бе вакви одела и хаЉињи мајке ми, ама викам ај може сеа у Јуни кај Елена Ристевска на свадба може ќе има некои такви облечени . И добро гледам, слушам, викам ги знам бе песниве овие тато на времето на касета ги имаше у Југото 55 коа имавме мајке ми, па откај децава бе овие песни ама ај си викаш бе јутуб, ред туб имало нешто, ама сите бе песни да се дереш ко СТОКА кај цеца на концерт  хммм . Слушај слушај абе има ли некој шо не и ги знае песнивее? Нема шанси овие деца спремни . 
Е едно се замислив у кое време живеев јас бе да можам 800 денари да ми дадат да идам на концерт кај Цеца у коее, жими Тиесто у Елемент у 3 та средно 600 денари карта и тоа 300 ми дадоа моите . 
Ама не ми беше тоа ЦЕЛТА, не дека не сум ја слушал или не знам шо ама мала споредба  Above and Beyond (5 ти беа у тоа време на топ листите) у Колосеум лани со 200 денари карта имаше 77 луге, Армин Ван Бурен (на прво место беше) му беше 400 денари карта абе нека имало 300 луге, а ЦЕЦА лани ја наполни 2 пати Борис Трајковски, годинава ја наполни Метрополис Арена а од странските Диџеи никој не ни планира да носи веќе  и шо сакате повеке. Не нѐ бива и не нѐ бива ќе завршам вака : Ја не знам ништо за музиката и вие неморате исто така рече Елвис Присли и си умре . 

П.С Влијателни , Невлијателни не беа видени на концертот или се криеја кај ВЦињата.
  
Доколку ви се допадна статијата, може да го следите авторот тука.