1.
Чекај - Седни на креветот и чекај додека се воспостави конекцијата, нервозно погледнувајќи во модемот секоја минута. Доколку не дојде, премини на чекор 2.
2.
Паничи - Трчај нервозно низ куќата, викајќи додека сите не разберат дека нема Интернет. Доколку си сам нервозно рашетувај додека не ти текне подобро решение.
3.
Јави му се на твојот оператор - Откако увиде дека нема многу корист од паничење, сврти му на твојот Интернет оператор, нервозно пцуејќки додека си на Hold. Откако ќе му го објасниш на операторот твојот проблем премини на чекор 4.
4.
Размислувај за твојот живот - Додека чекаш да дојде тимот за да го среди проблемот, седни на креветот и испитај го твоето постоење. Кој сум јас? Каде оди овој свет? Зошто постоиме? Дали навистина има надмоќно суштество кое не гледа сите нас?
5.
Застани пред огледало - Откако виде дека овие прашања премногу ти го искористуваат мозокот, застани пред огледалото и испитај го твоето лице и восхитувај се на твојата способност да изгледаш грдо без притоа да помрднеш ниту еден фацијален мускул.
6.
Направи пауза за јадење.
7.
Отспиј неколку часа - Не си спиел од денот кога си го конектирал компјутерот, па затоа искористи го ова време за една дремка. Спиј неколку часа. Разбуди се и увиди дека тие неколку часа биле всушност 20 минути.
8.
Повторно паничи - Зошто им треба толку време да пратат тим. Да не им се случило нешто? Дали ме лажеа?
Додека чекаш да дојде Интернетот можно е да се појават апстиненциони кризи пропратени со тресење на рацете, слушање гласови и гледање мачки во секој агол. За да се избегне ова пожелно е да имаш мала залиха на смешни Интернет слики кои би ти го подигнале моралот.
Доколку тимот се уште не е дојден можеш, а ти си очаен, излези надвор. Предупредување! Реалноста воопшто не е како виртуелниот свет. За да знаеш како да се снајдеш прочитај го мојот
Водич во реалноста за зависници од Интернет.
П.С.- Овој блог-пост е постнат од кај комшијата, затоа што гадовите уште не беа дојдени за да го средат проблемот.
Јас не знам ништо, јас сум студент.